Горан Пандев е херојот на Џенова. Капитенот на македонската репрезентација влезе во 60 минута на мечот против Јувентус и направи вистинско шоу на теренот. Пандев најпрво асистираше за погодокот на Стураро во 72 минута, а потоа, во 81 минута даде еврогол за 2:0.
Јувентус е на прагот на првиот пораз сезонава, бидејќи на неколку минути пред крајот на средбата губи со 2:0. Пандев едноставно блесна против „старата дама“. За струмичанецот ова е шест гол во дуелите со Јуве во Серија А.