Црвена Звезда има милион причини да навива за ЛАСК

Црвена Звезда по вторпат по ред ќе игра во фазата по групи во Лигата на шампионите, а вечерва сите што при срце им е „црвено-белата“ боја имаат милион причини да навиваат за подвиг на ЛАСК Линц против Бриж.

Ако Австријците ја анулираат негативата од 0:1 од првиот меч што го играа на домашен терен, вечерва на „Јан Брејдел“ стадионот во Бриж, Црвена Звезда ќе заработи еден милион евра повеќе од УЕФА.

Европската куќа на фудбалот од лани доделува посебни премии за сите 32 екипи што ќе играат во фазата по групи, а наградите се од 32 милиони за најдоброрангираната екипа до еден милион за најслабата.

Моментно Црвена Звезда има сигурни два милиони евра, бидејќи само Славија и Клуж, без разлика која екипа ќе се пласира во ЛШ ќе бидат послаби. Полош рејтинг има и ЛАСК, па ако го изненади Бриж, Црвена Звезда ќе скокне на 30-та позиција, што носи три милиони евра бонус, наместо планираните два милиони, ако Бриж биде патник во ЛШ.

Српскиот првак веќе има загарантирани 15 милиони евра за пласманот во ЛШ, но ќе заработи дополнителни пари од маркетинг, ТВ права, продажба на билети, сувенири, дресови и слични работи со амблемите на клубот.

 

- Оглас -

Најнови вести