Црвена ѕвезда ја прекина низата на Партизан и го доби првото вечно дерби во 2026 година

Кошаркарите на Црвена ѕвезда ја добија драмата против Партизан и победија со 100-96 во првото вечно дерби во 2026 година. Поради промената на системот во Јадранската лига, долго се чекаше на првиот меѓусебен дуел на овие две екипи, а навивачите имаа можност да уживаат во врвна и драматична кошарка.

„Црвено-белите“ во поголемиот дел имаа водство, но и Партизан имаше свои шанси за триумф и за повторување на резултатот од последните две средби кога го победуваа вечниот ривал.

Во последниот период се влезе со предност од три поени за Црвена ѕвезда, но домаќинот брзо дојде и до двоцифрена предност од +10 поени.

Партизан не се откажа и до крај се обидуваше резултатски да се врати, но на крајот Црвена ѕвезда е екипата која ги освои двата бода.

Иако беа постигнати близу 200 поени, сепак, најдобриот стрелец на мечот постигна само 15 поени, а тоа беше интернационалецот од Ангола, Бруно Фернандо.

- Оглас -

Најнови вести