Црвена ѕвезда подготвена да постави светски рекорд по бројот на гледачи во време на Коронавирус, a повеќе фудбалери им се заразени

Најтрофејниот српски клуб Црвена ѕвезда, за утре има закажано прослава на најновата 31-ва шампионска титула. Црвен-белите на својот стадионот „Рајко Митиќ“ ќе играат против Пролетер, во последното коло од Суперлигата.

Ѕвезда го одбрани тронот, а сега се најавува невидено славје. Сите навивачи на Ѕвезда имаат покана да дојдат на стадионот и да бидат дел од фештата која се подготвува. Се очекува стадионот кој собире преку 50.000 навивачи, да биде исполнет до последно место, затоа што влезот е бесплатен.

„Сигурни сме дека секој навивач кој ќе реши да дојде на стадион, по завршување на спектаклот ќе си замине среќен, насмеан и исполнет. Ние сме Црвена ѕвезда и ви подготвуваме нешто специјално. Влезот на трибините за сите ќе биде бесплатен. Да ја наполниме Маракана до последното место и да ги поздравиме нашите шампиони, затоа што тоа сме го заслужиле. Сите на стадион, игра Ѕвезда шампионот“, стои во соопштението од српскиот првак.

Капацитетот на „Рајко Митиќ“ е 53.000 гледачи, а ако се наполни целиот стадион, тоа ќе преставува рекорд за гледање на еден фудбалски меч во ерата на пандемијата поради Коронавирусот. Додека во Србија повикуваат на стадионот да дојдат преку 50.000 фанови, во најголем дел од светот, фудбалските дуели се играат без публика, или со редициран број на навивачи на трибините.

Додека се подготвува спектакуларната прослава, најновите информации велат дека тројца фудбалери веќе се тестирани позитивни на Коронавирусот, а за уште двајца се чекаат резултатите.

 

- Оглас -

Најнови вести