14.8 C
Skopje
среда, 22 октомври 2025

Црвена ѕвезда со две мегазасилувања за настапот во ЛШ

Екипата на Црвена ѕвезда втора година по ред ќе игра во групната фаза на Лигата на шампионите откако во плејофот со вкупен резултат од 3-2 го елиминира составот на Бодо/Глимт.

Раководството на Црвено-белите одлучи да доведе две нови засилувања за дуелите со европските великани. Нови фудбалери на Црвена ѕвезда се Раде Круниќ и Немања Радоњиќ.

Круниќ е репрезентативец на Босна и Херцеговина, а во Белград доаѓа бесплатно од Фенербахче, но турскиот гигант ќе има 50% од неговиот следен трансфер. Радоњиќ е репрезентативец на Србија, а во Црвена ѕвезда доаѓа од Торино, откако минатата сезона ја мина на позајмица во Мајорка. Она што е интересно, Црвено-белите во 2017 го купија Радоњиќ за три милиони евра од Рома, а само една година подоцна му го продадоа на Марсеј за 12 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести