Црвената фурија го оддува и домаќинот на ЕП

Актуелниот ракометен европски првак Шпанија продолжува да победува на шампионатот во Австрија. Црвената фурија немаше поголем проблем и со 30:26 славеше во Виена против домаќинот.

Австрија успеа само во првото полувреме да даде отпор на фаворитот, но сепак на полувремето Шпанија замина со предност од 17:16. Во второто полувреме, Шпанија поведе и со шест разлика 29:23 и веќе беше јасно дека континенталниот првак ќе се радува.

За Шпанија ова е петта победа во исто толку меча на ова ЕП и сега е многу блиску до место во полуфиналето. Ако се додадат и четирите победи од претходното ЕП, Шпанија веќе има девет триуфи во низа, што е рекордна серија.

 

- Оглас -

Најнови вести