Кошаркарите на Црвена звезда вечерва го забележаа десеттиот пораз во Евролигата откако загубија на гостувањето кај Жалгирис со 71:66 во рамки на 20-то коло.
Натпреварот беше исполнет со пресврти, првото полувреме му припадна на Жалгирис (38:30), за во третата четвртина Црвено-белите да направат пресврт (12:26) и со предност од 50:56 да влезат во последната четвртина.
https://twitter.com/i/status/1616524926285914114
Предноста ја одржуваа до шест минути до крајот кога Петрушев погоди за 55:62. Но, потоа следеше период за Црвена звезда од дури четири и пол минути без постигнат поен кој го искористија домашните кошаркари да се вратат во игра. Со поените на Улановас, Жалгирис поведе со 67:64, а на 36 секунди до крајот истиот кошаркар погоди уште една тројка за 70:64 и за заверка на победата.
Токму Улановас со 13 поени беше најдобар кај Жалгирс, додека Петрушев на спротивната страна постигна 16 поени.
Изненадување се случи во Истанбул каде Баерн Минхен со 89:81 го совлада европскиот шампион Анадолу Ефес.
Успехот на баварците добива на тежина бидејќи кон средина на третата четвртина имаа негатива од дури 16 поени (59:43). Но, германскиот успеа да се врати благодарение на серијата 5:16 и во последната четвртина влегоа со само минус пет.
Таму каде што застанаа во третата четвртина, кошаркарите на Баерн продолжија во последната четвртина, одиграа одлична кошарка, и успеаја да направат пресврт и на крајот да слават со 81:89.
Хантер со 18 поени ја предводеше листата на стрелци кај Баерн, додека Мициќ даде 15 за европскиот шампион.