ЦСКА е кошаркарска институција, речиси цела деценија нема фајналфор без Армејците

ЦСКА Москва е првиот тим кој се пласира на финалниот турнир во кошаркарската Евролига. Вечерва Армејците во Истанбул го победија Фенербахче со 85-68 и со 3-0 во победи го елиминираа турскиот тим. За ЦСКА ова е деветта сезона по ред во која ќе играат на фајналфорот. Годинава Ф4 турнирот ќе се игра во Келн, во салата во која се игра завршницата и во ракометната Лига на шампиони.

Барселона го победи Зенит со 78-70 и поведе со 2-1, а Баерн дома славеше против Армани Милано со 85-79 и намали на 1-2. Засега само ЦСКА обезбеди место во Келн, а блиску до тоа се и Барса, Милано и Анадолу Ефес, кој има 2-1 против Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести