ЦСКА го награди најкорисниот играч на евролигашкиот Ф4 турнир

Најкорисниот играч во фајнлфор турнирот за изминатата сезона во Евролигата, Вил Клајбурн, потпиша тригодишен договор со ЦСКА Москва, така што ќе се задржи во редовите на европскиот првак до 2022 година.

Американецот беше клучен играч на Армејците во походот кон осмата европска титула, па така ја доби МВП наградата на фајнлфорот, откако ЦСКА во финалето триумфираше над Анадолу Ефес. Изминатата сезона воедно беше најдобра досега за Клајбурн. Во 35 евролигашки меча во просек постигнуваше 13,6 поени и 6,8 скока, па сосема заслужено ја доби довербата на рускиот кошаркарски гигант.

„Пресреќен сум што ја обновив соработката со клубот. Во овие две години како член на ЦСКА научив многу, а заедно како тим остваривме многу успех. Станавме европски и национални шампиони, но не планираме да застанеме тука. Следната сезона ќе ни биде цел да ги одбраниме тие титули, а мене ми е мило што ќе можам да му помогнам на тимот да го оствари тоа“, истакна Клајбурн за официјалната веб-страница на ЦСКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести