ЦСКА или Галата за Алиоски?

Езѓан Алиоски ќе одлучува меѓу ЦСКА Москва и Галатасарај за продолжување на клупската кариера откако пред неколку дена му истече договорот со премиерлигашот Лидс. Интересот за македонскиот репрезентативец е голем, кој пак бара четиригодишен договор и најмалку два милиони евра по сезона.

Џани до последно чекаше подобра понуда од Лидс за да продолжи на „Еланд роуд“, но на крајот клубот се реши да доведе нов лев бек, Жуниор Фирпо од Барселона, по што 29-годишниот Алиоски остана сам да си одлучува за судбината.

Минатата сезона Алиоски настапи на 36 од вкупно 38 натпревари во Премиер лигата со учинок од еден гол и три асистенции, а следниот клуб ќе му биде петти во кариерата, откако претходно играше за Лугано, Шафхаузен и Јанг бојс.

- Оглас -

Најнови вести