ЦСКА Москва и Селтик се денешните фаворити

Лил – Рен (фудбал, Франција, 21.00 часот)

Интересно ќе биде да се види како Лил ќе се снајде откако го продаде Осимен во Наполи, а го купи Бурак Јилмаз. Рен и Лил во минатата сезона беа на трето односно четврто место, тоа се два тима кои ќе играат во Европа, па ова е дерби на првото коло во Лига 1. Лил уште од 9 ноември 2019 година нема нерешен резултат. Во подготвителниот период, сите пет меча на Лил беа со 2-3 гола. Рен во 2018 победи во Лил, но потоа ги загуби наредните две гостувања. Рен на шест пријателски средби летово имаше четири победи.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.08)

 

Мехелен – Серкл Бриж (фудбал, Белгија, 18.30 часот)

Мехелен сезоната ја почна со победа и реми, а Серкл Бриж има по една победа и пораз. Мехелен ќе се обиде да ја оствари првата домашна победа од крајот на февруари наваму, а и Серкл Бриж нема гостинска победа од истиот 22 февруари. Од 2011 година наваму, секогаш кога играат овие два тима во Мехелен, паѓаат барем два гола. Серкл седум години не победил на овој стадион, но во период има гостувано само трипати, па црната низа и не им е премногу долга.

Предлог тип: ГГ (1.62)

 

Оксер – Сошо (фудбал, Франција 2, 19.00 часот)

Оксер и Сошо се клубови кои во минатото биле и шампиони на Франција, но реалноста е многу полоша за нив, тие сега се второлигаши. Сепак нивните имиња се доволен магнет и ова е дерби на првото коло. Двата тима имаа шарени резултати во подготвителниот период, тешко е да се каже кој е во подобра форма. Оксер дома нема пораз во 2020 година, а и минимално ги доби последните три домашни мечеви против Сошо. Сошо 11 години не победил на гостување кај Оксер.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.15)

 

ЦСКА Москва – Рубин Казан (фудбал, Русија, 19.00 часот)

Московските Армејци тргнаа со две победи, но загубија во претходното коло, додуша од силниот Зенит. Рубин во првите три кола освои само еден бод, и за нив бод во Москва би бил премија. Кај ЦСКА ќе го нема Џагоев, но и без него тие се поквалитетен тим. Рубин има серија од шест меча по ред без победа во руската лига, а таа низа почна во јули токму против ЦСКА кога одиграа 1-1. Тој меч е предупредувње дека „кецот“ не е 100 отсто сигурен, но ЦСКА има сили за било каква победа.

Предлог тип: 1 (1.70)

 

Данди јунајтед – Селтик (фудбал, Шкотска, 18.30 часот)

Тимот од Данди кој е нов премиерлигаш, во моментов пред Селтик на табелата, но има и два меча повеќе. Селтик собра 4 бода во две кола, а Данди јунајтед има 7 бода после четири кола. Селтик сезонава ја почна супер, но потоа се лизна. Ќе нема публика на трибините, тоа е хендикеп за домашните. Данди јунајтед не успеа да победи на двата меча дома во август и играше со 1-2 гола. Селтик не е нешто убедлив на гости, но на последните четири гостувања кај овој ривал победуваше со два или три гола разлика.

Предлог тип: 2 & 2-4 гола (1.86)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Глазгов Ренџерс – Килмарнок 1 & 3-5 (2.10)

Партизан – Инѓија 1-1 & 2+ (1.95)

Лил – Рен 1Х & 2-4 (2.25)

- Оглас -

Најнови вести