Тудор ги брои последните часови, Фриулијаните трета година по ред менуваат тренер во ноември

Време е за разделба на тренерот Игор Тудор со клубот Удинезе. Ова го тврдат речиси сите италијански медиуми кои најавуваат дека денеска ќе биде официјализирано раскинувањето на договорот и дека клубот ќе тргне по потрага по нов шеф на стручниот штаб.

Удинезе на последните два меча прими дури 11 гола, а даде само еден. Поради тоа, одлуката е донесена, се чека само формализација на разделбата со Тудор.

Член на Удинезе е македонскиот репрезентативен напаѓач Илија Несторовски, кој во Удинезе дојде токму по барање на Хрватот Тудор, но нема постигнато гол на официјален натпревар во црно-белиот дрес. Останува да се види каков третман ќе добие Нестор од новиот тренер. На дуелот со Џенова на Горан Пандев, на клупата на Удинезе се очекува да седи помошникот Лука Готи.

Ноември е месец кој е кобен за тренерите на Удинезе. Во ноември 2017 година отказ доби Дел Нери, а лани во ноември си замина Веласкес. Удинезе за пет години смени десет тренери.

- Оглас -

Најнови вести