Тудор го напушти кормилото на далматинската гордост – За 450 илјади евра му стана помошник на Пирло

Игор Тудор ќе му биде помошник на Андреа Пирло во Јувентус, а италијанскиот шампион ќе му плати на Хајдук отштета од 450 илјади евра.

Некогашниот стопер на Старата дама се врати во својот клуб и ќе му помага на дебтитантот Пирло, кој ќе го има првото сериозно искушение во тренерската кариера.

Тудор беше тренер на Хајдук во минатата сезона и не успеа да забележи впечатлив успех, а гордоста на Далмација го освои петтото место во ХНЛ.

Игор ја почна и ја заврши играчката кариера во Хајдук, а играше и за Јувентус и тоа најдолго во еден тим во кариерата. Беше член на Старата дама од 1998 до 2007 година со 174 настапи.

И тренерската кариера ја почна во Хајдук, а ги водеше самостојно и ПАОК, Карабукспор, Галатасарај, двапати и Удинезе, па пак дојде во Хајдук.

Сега ќе биде помошник тренер, што според многумина е чекор назад во кариерата, но Тудор инсистираше да се врати на Чизмата, макар и како помошник на Андреа Пирло.

 

- Оглас -

Најнови вести