Тудор има два услова коишто бара да му се исполнат пред да прифати да седне на клупата на Наполи

Игор Тудор на претстојната средба со сопственикот и претседал на Наполи, Аурелио де Лаурентис, ќе постави два услова коишто бара да му се исполнат пред да прифати да седне на клупата на италијанскиот шампион на местото на Руди Гарсија, кому пак му се избројани деновите.

Првиот услов е Тудор да добие договор до крајот на сезоната со можност соработката да се продолжи само на уште една година.

Вториот услов на Тудор се однесува на тактиката, односно начинот на кој Наполи би играл под палката на Хрватот.

Тудор, кој во Серија А ги предводеше Удинезе и Верона, најчесто во одбраната игра со тројца дефанзивци во два система 3-4-2-1 или 3-4-3.

Де Лаурентис пак смета дека според играчите коишто ги има во тимот, Наполи мора да игра со четворица дефанзивци во последната линија.

Доколку најдат заеднички јазик, Тудор на паузата во Серија А поради квалификациите за ЕП 2024 и официјално би бил промовиран за нов тренер на Наполи.

Последниот тренерски ангажман на Тудор беше во Олимпик Марсеј, со кого го освои третото место во Лига 1 пред две сезони и играше во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести