Тудор по пет години се врати на „Пољуд“

Хајдук Сплит го врати Игор Тудор на клупата по речиси пет години. Хрватскиот стратег доаѓа како замена отпуштениот Дамир Буриќ, а со работа ќе почне од првиот јануарски ден по Новата година. Тудор веќе извесно време беше без ангажман откако доби отказ од Удинезе, каде што го тренираше македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, а за жешкото столче во Хајдук беше прв избор.

Во првиот мандат од 2013 до 2015 година, Тудор во Сплит го донесе трофејот од хрватскиот Суперкуп, а сега има намера да го врати Хајдук на самиот врв, поточно повторно да биде прв конкурент за титулата на Динамо Загреб.

Тудор во меѓувреме беше тренер и на грчки ПАОК, Карабукспор и Галатасарај, пред да замине за Италија, односно Удинезе.

- Оглас -

Најнови вести