Тухел: Ако откажат сите превози, тогаш јас ќе носам фудбалери со кола за да играме против Лил

Секој ден станува сè понеизвесна судбината на Челзи откако Британската влада го санкционира Роман Абрамович.

Сè што имаше Русинот на Островот е „замрзнато“, па така и Челзи, којшто е еден од најсилните тимови во Англија. Тренерот Томас Тухел даде интересна изјава по победата на неговиот тим над Њукасл.

„Ни кажаа дека имаме обезбедено авион, а доколку се појават проблеми, тогаш ќе патуваме со воз, а секако дека го имаме и нашиот клупски автобус.

Но, ако и со тоа ни биде забрането да патуваме, тогаш јас ќе сместам седуммина играчи во мојот автомобил и ќе ги однесам во Франција“, изјави Тухел.

Реванш-средбата меѓу Лил и Челзи се игра во среда, од 21 часот, а тимот од Лондон има предност од 2:0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести