Тухел доби ултиматум, може и да не го дочека крајот на сезоната

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, би можел и пред крајот на сезоната да си замине од германскиот гигант, иако претходно беше договорено да си оди на крајот од сезоната.

германските медиуми пишуваат дека Тухел добил ултиматум од управата на Баерн Минхен, ако не го елиминира Лацио во осминафиналето во ЛШ и не се пласира меѓу осумте најдобри во елитното натпреварување, тогаш ќе добие отказ.

 

Ултиматумот доаѓа по серијата слаби резултати на Баерн во изминатите неколку недели, а последен беше мечот од Бундеслигата во петокот кога баварците одиграа 2:2 против Фрајбург.

Баерн моментно е второпласиран на табелата во Бундеслигата со 54 бода, седум помалку од лидерот Баер Леверкузен кој за половина час ќе го игра својот меч од 24-тото коло против Келн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести