Тухел е бесен по покерот од Арсенал: Челзи е како автобуска станица, не декласира тим што не игра во Лигата на шампионите

Томас Тухел беше бесен по поразот на Челзи од Арсенал со 0:4 и вели дека ситуацијата во клубот е неодржлива.

„Имаме голем број на играчи што размислуваат само како да си заминат од клубот. Ментално воопшто и не беа присутни на мечот со Арсенал. Па нас не декласира тим што воопшто не игра во Лигата на шампионите. Ситуацијата во клубот мора што побрзо да се среди. Челзи личи на автобуска станица, на која има многу играчи што чекаат да си заминат. Задоволен сум само од настапот на Кулибали, кој одигра без грешка’, изјави Тухел.

Челзи има два порази по ред, а како што вели тренерот, тој не памети да му се случило нешто такво, иако се работи за пријателски натпревари.

Шанса за поправен ќе имаат идниот петок против Илија Несторовски и Удинезе, во последниот тест меч пред стартот на новиот шампионат на Англија.

Челзи ќе му гостува на Евертон на 6 август во премиерниот меч за нив во Премиерлигата.

 

- Оглас -

Најнови вести