Тухел е збунет за Џејмс, но реагираше уникатно: Рис може да игра само за ватерполо репрезентација

Томас Тухел е збунет, откако го виде списокот на Англија за двата меча во октомври во квалификациите за настап на Мундијалот во Катар идната година.

Герет Саутгејт го повика и Рис Џејмс, кој е повреден, а Тухел иако беше збунет реагираше на уникатен начин.

„Мора да е грешка, да има некакво недоразбирање. Па Рис е повреден и моментно тренира во базен и може да биде репрезентативец на Англија само во ватерполо. Колку јас што знам Џејмс нема да се појави на собирот на фудбалската репрезентација на Англија“, изјави Тухел.

Рис се повреди на дербито со Манчестер сити минатиот викенд што Челзи го загуби со 0:1, но Саутгејт го стави на списокот на Гордиот Албион за мечевите со Андора на гости на 9. октомври и за дуелот со Унгарија што ќе се игра на „Вембли“ во Лондон три дена подоцна.

Англија е прва на табелата во И групата со 16 бода по шест кола, пред Албанија со 12, Полска со 11, Унгарија со 10, Андора со 3 и Сан Марино, кој е без бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести