Тухел го блокира трансферот на Аспиликуета во Барселона

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, прави опструкции врз трансферот на Цезар Аспиликуета во Барселона. Пред неколку дена двата клуба се согласија на сума од пет милиони фунти за услугите на капитенот на Сините, кого го чека двегодишен договор на „Камп ноу“.

Сепак, германскиот стратег кој има одврзани раце во клубот откако Тод Боли стана нов сопственик, смета дека Каталонците не го вреднуваат доволно искусниот шпански дефанзивец.

„Ситуацијата е деликатна бидејќи не сум сигурен дека сакам да му ја исполнам желбата на Цезар. Не му се допаѓа одлуката, но разбира. Тој е од голем значај за нас, а ми делува дека Барселона не го вреднува колку ние. Јас сум менаџер на овој клуб и правам она што сметам дека е најдобро за Челзи. Кога ќе дојде 1 септември, ако Цезар е уште со нас, знам дека ќе прифати каква и да е ситуацијата и ќе ни се стави на располагање“, истакна Тухел.

Аспиликуета има уште една година од договорот со Сините, но се надеваше дека уште ова лето ќе заигра на „Камп ноу“. Веќе помина една деценија на „Стемфорд бриџ“ освојувајќи сè на клупски план, а неколку години ја носи капитенската лента.

- Оглас -

Најнови вести