Тухел го уништи Баерн и добро ќе го наплати тоа

Томас Тухел на крајот од сезоната ќе си замине од Баерн Минхен иако неговиот договор му истекува идната година и добро ќе го наплати предвременото заминување.

Тухел минатата година дојде во Баерн на местото на Јулијан Нагелсман и оттогаш германскиот гигант игра далеку под очекувањата.

Минатата сезона, Баерн во последното коло дојде до пехарот откако Борусија Дортмунд, која беше лидер на табелата, не успеа да победи, а сезонава нема никакви шанси да го крене шампионскиот пехар бидејќи Баер Леверкузен на седум кола до крајот има дури 13 бода предност.

Според магазинот „Билд“, Баерн и Тухел се договорија за отштетата која ќе ја добие тренерот за да си замине. Баерн ќе му исплати 10 милиони евра, колку што му изнесува годишната плата, а доколку Тухел и идната сезона не тренира ниту еден клуб, тогаш на неговата сметка ќе легнат дополнителни 10 милиони евра. Доколку налето си најде ангажман, тогаш ќе биде побогат „само“ за 10 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести