Тухел и Дортмунд, љубовта која мораше да заврши со развод

Томас Тухел се врати дома во Дортмунд, но овојпат ќе биде во гостинската соблекувална, како тренер на Пари Сен Жермен. Во 2015 година тој беше избран за наследник на Јирген Клоп во Борусија, дојде од Мајнц, го одеше истиот пат како и Клоп. Не можеше да почне подобро, имаше 11 победи на првите 11 официјални мечеви, но во 2017 година си замина од „задната врата“ на „Сигнал Идуна парк“.

Го освои Купот на Германија со победа од 2-1 над Ајнтрахт во финалето, по што следуваше предвремено раскинување на договорот со клубот од Дортмунд. Проблемот на Тухел беа лошите односи со извршниот директор Ханс-Јоаким Вацке.

Вацке го критикуваше Тухел за елиминацијата од Монако во ЛШ, а тренерот одговори дека тој бил во автобусот со играчите, а Вацке не бил и не знае некои работи. Плус тоа, Марк Бартра бил принуден да игра иако еден ден пред тоа заврши во болница.

Сега Тухел е во ПСЖ и има одлична шанса за одмазда против Вацке, но против себе ќе го има Жолтиот ѕид.

„Кога беше ждрепката, се изнасмеав, истрчав во тренинг-кампот и си велев: Знаев!“, вели Тухел, кој претчувствувал дека ќе налета на неговиот некогаш сакан клуб, во кој има голем број пријатели.

- Оглас -

Најнови вести