Тухел ја откри мрачната иднина што го очекува Челзи

Екипата на Челзи има негатива од 3:1 против Реал Мадрид по првата четвртфинална средба одиграна на „Стемфорд бриџ“.

Сините од Лондон поминуваат низ тежок период поради слабата игра и лошите резултати, а голем удел во сето тоа имаат и санкциите од Британската влада поради тоа што клубот сè уште е во сопственост на Роман Абрамович.

„По интернационалната пауза, ние не сме на препознатливото ниво, а верувам дека играчите се под голем притисок поради тоа што се случува околу нас.

Ако некои работи не се средат за брзо време, може и овие да се последни настапи на Челзи во Лигата на шампионите и во најдобар случај, тимот да биде како пред 20 години, кога се бореше за средината на табелата.

Сепак, јас не ја губам вербата и сметам дека можеме во реваншот да му се спротиставиме на Реал Мадрид и да го елиминираме. Ние бевме надвор од форма, немавме сила, а јас тргнав со целосно погрешна формација. За пораз никогаш не е виновен еден играч, туку за тоа е крив целиот тим и така ќе биде секогаш“, изјави Тухел.

- Оглас -

Најнови вести