Тухел: Готово е, му ја честитам титулата на Баер Леверкузен

Баерн Минхен за прв пат во последните 10 години загуби на свој терен од Борусија Дортмунд и тоа со 2:0. По овој пораз на Баерн Минхен и победата на Баер Леверкузен против Хофенхајм, разликата меѓу Фармацевтите и Баварците се зголеми на 13 бодови.

До крајот на првенството има уште седум кола, а тренерот на Баерн, Томас Тухел се откажа од трката за титулата, неверувајќи дека може да се случи чудо.

„По овој меч со Борусија Дортмунд нема што да се каже. Честитки за Баер Леверкузен за освоената титула“, рече Тухел.

Во досегашните 27 средби Баер Леверкузен освои 73 од можните 81 поени и речиси неверојатно е дека тимот на Чави Алонсо ќе пропушти шанса до крајот на шампионатот да освои уште девет бодови за и дефинитивно да биде првак и тоа прв пат во клупската кариера.

„Не сум професор по математика и не сум добар во пресметките, но да бидам искрен ќе биде нереално да се надеваме на титулата“, рече ветеранот на Баерн Минхен, Томас Милер кој освои вкупно 12 шампиони пехари со баварскиот гигант од кои 11 му се во низа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести