Тухел: Не беше случајна замената на голманите

Челзи на пенали го победи Вилјареал и англискиот тим на крајот се радуваше на трофејот во Супер купот на Европа. еден од клучните моменти се случи во 119 минута кога на местото на голманот Менди, во игра влезе Кепа Аризабалага.

Шпанскиот голман ја доби довербата да ги брани пеналите на играчите на Вилјареал и на крајот тоа се покажа како добитен потег. Кепа одбрани два од седумте удари на противниците, а тоа се покажа како доволно за Челзи да се радува на првиот трофеј во новата сезона.

„Секако дека не го сменив случајно голманот. Имам разговарано со двајцата голмани уште кога дојдов во тимот. Знаеме дека Кепа е најдобар кога треба да се бранат пенали. Аналитичарите ми ги покажаа бројките и знаеја дека може вакво нешто да се случи. Сјаен е начинот на кој Менди ја прифати нашата одлука“, рече Тухел по победата.

Тренерот на Вилјареал, Унаи Емери е вистински несреќник кога се работи за Суперкупот на Европа. Ова беше негово трето вакво финале и трет пат останува без трофејот.

„Прво бркавме еден гол негатива, а откако израмнивме, решивме да го подигнеме темпото. едноставно се потрошивме до пеналите. Некогаш победуваш, некогаш губиш, тоа се пеналите. Одигравме добар фудбал и сакам да им честитам на моите фудбалери“, рече Емери.

 

- Оглас -

Најнови вести