Тухел нема да мирува, веќе мерка премиерлигаш

По отказот од ПСЖ, Томас Тухел нема да мирува и веќе е во потрага по нов предизвик, известуваат одредени германски медиуми. Наводно екстренерот на Дортмунд се насочи кон Премиер лигата и веќе ги разгледува опциите.

Шпекулациите го поврзаа со два гиганти, Манчестер јунајтед и Арсенал, но со оглед на тоа дека во таборот на Црвените ѓаволи работите се поправија во изминатиов период, многу пологична опција е клубот од Северен Лондон.

Топчиите никако да излезат од кризата и по 14 кола во англискиот шампионат се наоѓаат на 15-тото место само 14 бода, премалку за клуб чија цел му учество во Лигата на шампионите. Микел Артета имаше свои моменти, но сепак потфрли во доста натпревари како со изборот на составот, така и со тактиката, па нема да биде изненадување доколку Шпанецот биде разрешен од обврските.

Тој момент го чека Тухел и речиси сигурно ќе биде еден од кандидатите за менаџер на Арсенал доколку се ослободи местото на „Емирати“.

- Оглас -

Најнови вести