Тухел: Нема ништо потешко од играње против Реал Мадрид во ЛШ

Тренерот на Челзи, Томас Тухел, ги кажа своите очекувања од утрешниот прв меч од полуфиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

„Во полуфиналето играме против Реал Мадрид, кој одамна не загубил, што може да биде потешко од тоа? Реал е најискусен и најтрофеен клуб во ова натпреварување. Сигурно против нас ќе играат со голема самодоверба. За нас тоа е голем предизвик. Ќе се бориме со сите сили, и ќе видиме кој ќе излезе како победник“, изјави германскиот стручњак.

Челзи од 2014 година нема играно полуфинале во ЛШ, додека Реал од 2014 наваму, дури четири пати беше европски првак. На гостувањето кај Реал, Тухел нема да смета на Матео Ковачиќ, кој токму од Кралскиот клуб премина кај Сините.

- Оглас -

Најнови вести