Тухел одбил да го преземе кормилото на Манчестер јунајтед

Германецот Томас Тухел не планира да ја преземе функцијата менаџер на Манчестер јунајтед ова лето и покрај гласините дека го поврзуваат со доаѓање на „Олд Трафорд“.

Тухел имал разговори со раководството на 20-кратниот шампион на Англија, но се откажал од можноста да го води клубот во новата сезона. Од друга страна, и раководството на Црвените ѓаволи останува поделено околу иднината на актуелниот менаџер Ерик тен Хаг.

Тухел го напушти тренерското место во Баерн Минхен по малку повеќе од една година работа. Тој претходно работеше во Премиер лигата како менаџер на Челзи. Со лондончани ја освои Лигата на шампионите во 2021 година.

 

- Оглас -

Најнови вести