Тухел останува на клупата на ПСЖ до 2021 година

Томас Тухел и ПСЖ ја обновија соработката, германскиот тренер ќе се задржи во Париз до 2021 година. Тухел самиот бараше од управата на клубот да му дадат нова шанса за да може да продолжи да го развива долгогодишниот проект. Иако се споменуваа шпекулации дека Жозе Мурињо може да го наследи на клупата, Германецот сепак ја доби довербата од „свеците“ и ќе се задржи дополнителни две години во главниот град на Франција.

Во францускиот шампионат работите одат според планот, но она што сите навивачи на ПСЖ го посакуваа е трофејот од Лигата на шампионите, а таму „светците“ одново потфрлија и претрпеа елиминација од Манчестер јунајтед во осминафиналето. И покрај тоа разочарување, Тухел за разлика од претходните тренери на овој гигант не доби отказ, туку шанса да се поправи и следната сезона повторно да атакуваат на европскиот фронт.

Германецот има одлична соработка со главните ѕвезди, Нејмар, Мбапе, Кавани, но и со останатите играчи, така што тие се среќни што ќе работат со него и во следните две сезони.

ПСЖ во шампионатот на Франција е убедливо прв со 77 бода по 28 натпревари, 20 повеќе од второпласираниот Лил, а во следното коло гостува кај Тулуз (недела, 21 часот).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести