Тухел подготвува изненадување, фудбалер од Премиер лигата го засилува Баерн

Фудбалерот на Фулам, Жоао Палиња, до крајот на преодниот рок, а тоа е утре, ќе биде нов фудбалер на Баерн Минхен. Тренерот на Баварците, Томас Тухел, во него гледа замена за Гревенбахер, кој ќе го напушти Минхен и треба да биде засилување за позицијата последен играч за врска.

Баерн Минхен веќе има испратено понуда до Фулам во износ од 60 милиони евра и се чека на одговорот од премиерлигашот. Финансиски понудата е привлечна, но Фулам ќе се најде во тешка состојба да мора на последниот ден од преодниот рок да бара замена за стандарниот првотимец.

Паулиња има одиграно 21 натпревар за репрезентацијата на Португалија.

- Оглас -

Најнови вести