Тухел погоди во целта: Ги лажеме играчите дека се грижиме за нив

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел без влакно на јазикот обвини дека утната е работата со инсистирањето да се игра фудбал и покрај зголемениот број на заразени фудбалери со Ковид-19 и опасноста за самите играчи што ја носи пандемијата.

Челзи бараше да им биде одложен денешниот меч против Вулверхемптон, поради кризата во клубот со доста заразени фудбалери со Корона-вирус, но Фудбалската асоцијација не дозволи и натпреварот на „Молињу“ се одигра и заврши без голови.

„За жал излегува дека само декларативно се грижиме за играчите, односно за нивната безбедност и сигурност. Не сум сигурен дека денеска покажавме дека имаме респект кон фудбалерите, со одлука да се игра мечот меѓу Челзи и Вулверхемптон“, изјави Тухел.

Втор меч по ред германскиот стратег на клупата на Челзи поради позитивен тест на Ковид-19 не можеше да смета на Хаверц, Вернер, Лукаку, Чилвел, Хадсон-Одои, а му беше дозволено на Ковачиќ да игра, иако тој до вчера беше во карантин исто така со позитивен тест на Ковид-19.

 

- Оглас -

Најнови вести