Тухел постави рекорд и зад себе ги остави Зидан, Гвардиола, Дел Боске, Симеоне…

Челзи покажа зошто е актуелен европски првак и со 2:1 го победи Лил на гости за сигурен пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите. За тренерот на Челзи, Томас Тухел, ова беше јубилеен 50-ти меч во Лигата на шампионите и успеа да постави еден рекорд.

Тухел стигна до 32-рата победа во елитното европско натпреварување, што е рекорд меѓу тренерите само по 50 одиграни дуели. Германскиот стратег го надмина досегашното рекордно остварување на Зинедин Зидан, кој имаше 31 победа во 50 натпревари. На оваа листа следуваат Јосеп Гвардиола со 30 победи во 50 меча и Висенте дел Боске и Диего Симеоне, кои имале по 28 триумфи во првите 50 дуели како тренери во елитната лига на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести