Тухел повеќе сака во полуфиналето да играат со Реал Мадрид

Тренерот на Челзи, Томас Тухел, по пласманот на неговиот тим во полуфиналето на Лигата на шампионите, отворено си кажа кој тим го посакува за противник во битка за финале. Челзи ќе треба да игра со Реал Мадрид или Ливерпул, а Тухел го преферира шпанскиот првак.

„Генерално, не ми се допаѓа кога во Лигата на шампионите треба да се игра против тим од иста земја. Така се губи чувството дека играте некое меѓународно натпреварување, само поради тоа не би сакал да играме со Ливерпул. Ќе го гледам мечот во Ливерпул, па кој ќе заслужи, нека оди во полуфинале“, изјави Тухел.

Лондонските Сини и ливерпулските Црвени имаа полуфинални битки во ЛШ во 2005, 2007 и 2008 година. Ливерпул двапати беше поуспешен, еднаш славеше Челзи. Челзи никогаш не играл против Реал во ЛШ, но Кралскиот клуб има четири европски титули од 2012 година наваму, откако Сините последен пат беа меѓу четирите најдобри.

- Оглас -

Најнови вести