Тухел признава: Згрешив со Лукаку

Челзи го загуби првото место во Премиер лигата откако загуби на гостувањето кај Вест хем со 3:2. За разлика од Челзи, најголеите ривали Ливерпул и Манчестер сити победија, па сега лондонскиот тим е на третото место во првенството.

Челзи по првото полувреме водеше со 2:1, кога Тухел реши на полувреме да го внесе Ромелу Лукаку. Вест хем во вториот дел направи целосен пресврт и со два гола Чеканите стигнаа до победа од 3:2. Тухел признава дека направил грешка што го ставил Лукаку да игра 45 минути.

„Јас сум виновен. Знам дека Лукаку не е подготвен да игра 45 минути, но сепак одлучив да го ставам во игра затоа што го загубивме Кај Хаверц. Мали детали фалеа за да оствариме подобри резултати против Манчестер јунајтед и Вест хем и тоа мора да го смениме“, признава Тухел.

Челзи утре ќе гостува кај Зенит во меч од Лигата на шампионите и со победа сигурно ќе го обезбеди првото место во групата.

- Оглас -

Најнови вести