Тухел провоцира пред дербито: Тотенхем не е толку опасен без Кејн

Тотенхем не е толку опасен тим кога Хари Кејн отсуствува од составот, смета тренерот на Челзи, Томас Тухел, во пресрет на вечерашниот дуел на Сините против Петлите. Тухел имал и План Б за непредвидена ситуација, во случај Кејн сепак да се појави на терен.

Кејн сезонава има 12 гола и 11 асистенции во Премиерлигата, но уште не е закрепнат од повредите кои ги здоби на мечот со Ливерпул, и неговото враќање на терен ќе биде следната недела.

„Полесно е кога Кејн не игра. Кога е во добра форма, тој е еден од најдобрите играчи со бројот 9 на светот, тип на напаѓач кој секој тренер на светот би посакал да го има. Тој работи за тимот, неверојатен е“ – изјави Германецот.

И Тухел има проблеми околу составување на тимот, Хаверц и Зума се неизвесни, но се надева дека Тимо Вернер конечно ќе даде гол, бидејќи од времето кога играше за Лајпциг, тој има добри спомени од гостување на стадионот на Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести