Тухел се теши: Ливерпул и Арсенал воопшто не ни стигнаа до четвртфинале во Лигата на шампиони

Томас Тухел ја почна сезоната како тренер на Челзи, но доби отказ поради лошите резултати, па шест месеци подоцна беше назначен за предводник на Баерн Минхен. Германскиот стратег требаше да извади Баерн од кризата, но под водство на Тухел, најтрофејниот германски клуб беше елиминиран во четвртфиналето од Купот на Германија (дома загуби од Фрајбург), а сега е елиминиран и од Лигата на шампиони. На Баерн сега му останува само трката за трофејот во првенството.

На сметка на Тухел стигнаа низа критики, а тој имаше објаснување.

„Се согласувам дека е голем проблем што тимот веќе трета сезона по ред не може да дојде ниту до полуфиналето од Купот на Германија. Но, што се однесува до елиминацијата во четвртфиналето од Лигата на шампиони, тоа не го сметам за некоја криза. Ливерпул и Арсенал воопшто не стигнаа до четвртфиналето од ЛШ, а и тие се големи клубови“, објасни Тухел.

По 28 кола во Бундеслигата, Баерн е лидер со 59 бодови, само два повеќе од Борусија Дортмунд, кој им е најголем конкурент.

- Оглас -

Најнови вести