Тухел: Судиите немаат храброст да досудат нешто против Реал Мадрид

Голот на Маркос Алонсо, којшто беше поништен од ВАР, на средбата меѓу Реал Мадрид покрена голема прашина за тоа дали одлуката е правилна. Додека, пак, на прес-конференцијата, тренерот на Челзи, Томас Тухел, изјави дека судиите немаат храброст да досудат нешто против Реал.

„Едноставно, судиите немаат храброст да досудат нешто против Реал Мадрид и тоа нè е само денеска. Секоја мала одлука беше досудена во нивна корист и така беше и на првата средба, но и сега.

Не го видов голот, но многу ме разочара тоа што по крајот на средбата, главниот судија си разговараше со Карло Анчелоти како да се најдобри пријатели. Кога јас сакав да одам и да се поздравам со Карло, судијата се смееше со него, тоа не е во ред и малку нервира кога ќе го оставиш срцето на теренот“, изјави Тухел.

- Оглас -

Најнови вести