Тухел зборува едно, германските медиуми пишуваат нешто друго

Томас Тухел се наоѓа на удар на германската јавност и навивачите на Баерн Минхен, а неговиот отказ го забрзуваат самите новинари кои не ги пренесуваат точно неговите зборови.

Германските медиуми изминатите денови по серијата порази на Баерн Минхен се занимаваат со тоа што Тухел им го пренел на своите играчи.

„Вие не сте доволно добри како што мислев, па морам да се прилагодам на вашето ниво“, наводно според германските медиуми ова биле зборовите на Тухел упатени на своите фудбалери.

Но, вистинските зборови кои им ги кажал тренерот на своите фудбалери се:
„Сè уште не сте на нивото на кое јас сакам да бидете“.

Разликата во интерпретацијата на германските медиуми и тоа што навистина го кажал Тухел е огромна и според луѓето во спортот, тоа е знак дека тие по секоја цена сакаат смена на тренерот.

- Оглас -

Најнови вести