Тухел знае кој е виновен за дебаклот на Баерн во дербито

Баерн Минхен загуби на гостувањето во Леверкузен од Баер со 3:0 во меч на двата тима кои се борат за титулата во Бундеслигата. Актуелниот германски првак беше инфериорен и немаше шанси да се бори за ништо повеќе од пораз.

„Првиот гол што го примивме е нешто што во нормални околности не може да се случи кога во дефанзивната линија имате пет играчи. Едноставно не може да се случи ако имате петмина во одбраната. Сите како да спиеја. Кога започна второто полувреме примивме гол по „еден-два“ комбинација и тоа многу ефтино“, разочарано коментираше Тухел по убедливиот пораз од лидерот во германското првенство.

Баерн Минхен има 11 титули по ред во Бундеслигата, но сега заостанува пет бодови зад лидерот Баер Леверкузен. Фармацевтите не само што се први во првенството, туку тоа е и единствен тим во Топ 5 лигите во Европа кој уште нема ниту еден пораз.

- Оглас -

Најнови вести