Тука и сега: Јувентус на филмски начин го претстави супер засилувањето ДВ-7 (Видео)

Јувентус и официјално објави дека Душан Влаховиќ е нивен нов играч. Србинот кој доаѓа од Фиорентина за 75 милиони евра, ги мина лекарските тестови, па стави потпис на договорот со Старата дама.

Влаховиќ беше претставен како голема ѕвезда, ќе го облече дресот со бројот 7, кој претходно го носеше Кристијано Роналдо. Ова е трети најскап јануарски трансфер во историјата на фудбалот.

Влаховиќ потпиша петгодишен договор, а еве на каков начин Јуве го претстави своето засилување:

https://twitter.com/i/status/1487132572828241922

- Оглас -

Најнови вести