Тунис е подобар од резервите на Франција, но не води, без голови е и на мечот Австралија – Данска

Актуелниот светски првак Франција игра со речиси комплетно резервен тим и тоа се чувствуваше во првото полувреме против Тунис, селекција која беше подобра, даде и гол, но беше поништен.

По првото полувреме е без голови и на тој меч и на дуелот меѓу Австралија и Данска, а на Тунижаните и на Викинзите им требаат победи за пласман понатаму.

Вака како што е, 0:0, најмногу ѝ одговара на Австралија, која со два нерешени исходи попладнево ќе биде патник во осминафиналето заедно со победникот во Д групата – Франција.

Триколорите, кои секако се први со комбиниран тим, останаа без ниту еден директен удар кон голот на Тунис.

Тунижаните дадоа гол во осмата минута, но Гандри иако се израдува, погодокот му беше поништен поради офсајд.

Моментно на едно полувреме до крај на првата фаза во Д групата Франција е прва со 7 бода, пред Австралија со 4 и Данска и Тунис со по два бода.

Првите две селекции ќе играат во осминафиналето, а останатите две се враќаат дома.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести