Турчин кој играл за Леверкузен, Фенербахче и Бешикташ обвинет за ладнокрвно убиство

Поранешниот фудбалер Сезер Озтурк е обвинет за убиство на едно и ранување на уште четири лица со огнено оружје. Озтурк, кој е роден пред 35 години во Германија и фудбалската кариера ја почна во вториот тим на Баер Леверкузен, возел кола со германски регистарски таблички кога почнал конфликт со група луѓе кои му стоеле на патот. Со Озтурк во автомобилот имало уште еден маж и почнале да пукаат, при што едно 24-годишно момче е убиено.

Инцидентот се случил на 19 септември, во близина на Истанбул.

Во фудбалската кариера Озтурк најголемите успеси ги имаше во дресот на Фенербахче, со кого двапати го освои Купот на Турција, а последен клуб му беше Бешикташ, за којшто не одигра ниту еден меч. Откако заврши со фудбалот во 2015 година, го смени имиџот, влезе во мафијашки филм, а сега му претстои повеќегодишна робија.

- Оглас -

Најнови вести