Турчинот кој стана хит објасни зошто не користи дополнителна опрема: Јас сум природен стрелец

Турскиот олимпиец во стрелаштво, Јусуф Дикеч (51) го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Париз во дисциплината 10 метри воздушен пиштол мешани двојки, но ги освои симпатиите кај сите фанови.

Дикеч ги изненади сите откако на мегдан се појави без стандардна опрема за стрелање. Го имаше само пиштолот, па до толку беше опуштен што дури едната рака му стоеше во џеб. Многумина се чудеа на овој стил на Турчинот, но тој имаше објаснување.

„Никогаш не сум користел опрема Кога сме оделе на натпреварувања, судиите понекогаш ќе ме прашаат за опремата, а јас само ќе им кажев дека немам и не користам. Секако сите се смееја и чудеа. Мене едноставно не ми треба опрема. Јас сум природен стрелец“, открива Дикеч, освојувач на сребро на ЛОИ во Париз.

 

- Оглас -

Најнови вести