Турнирот во Осака го освои – Осака!

Водечката тенисерка на светската ВТА ранг листа, Наоми Осака, го освои турнирот на тврда подлога кој се играше во нејзиниот роден град, Осака. Јапонката која има 21 година, во финалето ја победи Русинката Анастасија Пављученкова со 6-2, 6-3 за еден час и 10 минути игра.

Осака немаше потешкотии за први пат да го освои домашниот турнир. За неа, ова беше трето финале во градот кој го носи нејзиното презиме. Во 2016 загуби од Каролина Возњацки, а лани од Каролина Плишкова. Осака во јануари триумфираше на Отвореното првенство на Австралија, но оттогаш, осум месеци беше без титула.

„Тука сум родена, и тоа ми даваше дополнителна енергија како одминуваше турнирот. Многу сакам да играм во Осака, ќе се видиме и следната година“ – изјави Осака.

- Оглас -

Најнови вести