Турција доби нов селектор

Непосредно пред стартот на квалификациите за Европското првенство 2020 година, репрезентацијата на Турција доби нов селектор. Шенол Ѓунеш доаѓа на местото на Мирчеа Луческу, кој доби отказ поради слабите резултати. Ѓунеш потпиша четиригодишен договор.

Селекторската функција не е непозната за турскиот стратег бидејќи тој беше на чело на националниот тим во периодот од 2000 до 2004 година. Со него како предводник од клупата, Турција стигна до најголемиот успех. На Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја во 2002 година Турција го освои третото место.

Главен предизвик за Ѓунеш сега ќе биде да го одведе националниот состав на завршница на континенталното натпреварување следната годинa. Турција е во група со Франција, Исланд, Албанија, Молдавија и Андора.

 

- Оглас -

Најнови вести