Турција загуби, но овој навивач е голем победник (Видео)

Милиони навивачи чекаа да започнат возбудувањата на европското првенство, а еден турски навивач чекал, токму на дуелот со кој стартуваше континенталниот собир, Италија – Турција да ја побара својата девојка, да му биде жена.

На полувреме од мечот, кога резултатот беше 0:0, турскиот навивач клекна и извади прстен, додека девојката изненадено го гледаше. Таа веднаш се согласи и му рече „ДА“, па без разлика што Турција во вториот дел прими три гола и убедливо загуби, оваа двојка сигурно среќни си заминаа од „Олимпико“.

 

- Оглас -

Најнови вести