Турците ги ангажираа најдобрите адвокати и ќе се жалат за суспензијата на Демирал

Дисциплинската комисија на УЕФА го суспендира турскиот стопер Мерих Демирал на два натпревари поради непримерен гест при прослава на гол.

Додека го прославуваше еден од двата гола што ги постигна против Австрија, со што доби статус на национален херој, Демирал ја изрази својата поддршка за турското ултрадесничарско движење наречено „Сиви волци“.

Тоа беше „волчји поздрав“, поради што УЕФА многу брзо покрена истрага против него и е суспендиран, што значи дека нема да биде дел од четвртфиналниот дуел против Холандија и евентуалното полуфинале на Европското првенство.

Сепак, Фудбалската федерација на Турција веднаш поднесе жалба и ги ангажира најдобрите адвокати кои работат на неговата одбрана. Тие имаат рок до утре наутро да ја достават одбраната и да се обидат да го добијат случајот на второстепената комисија.

Турција и Холандија ќе го одиграат четвртфиналниот натпревар на ЕВРО 2024 в сабота од 21 часот во Берлин.

 

- Оглас -

Најнови вести