Твитер провокација од Црвена ѕвезда за нејзиниот најлут ривал

Откако Евролигата одлучи вајлд-картата како 18-ти учесник во Евролигата да му ја додели на руски Зенит Санкт Петербург, во редовите на белградски Партизан имаше големо разочарување, бидејќи веруваа оти тие заслужуваа специјална покана за настап во најсилното европско кошаркарско натпреварување.

Додека „црно-белите“ жалат и најавуваат дека повторно ќе се обидат следната година да се вратат во европската елита, нивниот лут градски ривал Црвена ѕвезда, која ќе игра во Евролигата како првак на јадранската АБА лига, не ја испушти шансата индиректно да го „боцне“ ривалот.

Од Ѕвезда јавно преку Твитер му го честитаа на Зенит пласманот во Евролигата и им порачаа дека ќе се видат во Белград. Сезоната во Евролигата почнува на 3 октомври.

https://twitter.com/kkcrvenazvezda/status/1144350481772359681

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести