Творецот на моќниот Интер ќе биде награден со нов богат договор

Челниците на Интер планираат да потпишат нов договор со тренерот Симоне Инѕаги. Интер е незапирлив сезонава во Серија А, има 12 бода повеќе од второпласираниот Јувентус само po 23 одиграни кола, а игрите кои ги прикажуваат Нераѕурите не оставаат никого рамнодушен.

Актуелниот договор на Симоне Инѕаги истекува во 2025 година, но спортскиот директор на Интер, Џузепе Бепе Марота, најави дека тренерот наскоро ќе биде награден со нов договор.

„Го обожaваме Симоне и сакаме да остане долго со нас. Ќе започнеме преговори во вистински момент. Среќен е тука и ние сме среќни што го имаме“, изјави Марота.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести