Уапсен братот на Јокиќ, давел жена во Денвер

Постариот брат на НБА-ѕвездата Никола Јокиќ, Страхиња, кој има 37 години, бил уапсен од полицијата во Денвер откако нападнал, турнал и давел една жена, која излегла на тереса и почнала да бара помош.

Страхиња Јокиќ бил во станот со непознатата жена, а кога таа сакала да си оди, тој со сила ја спречувал да си замине. Американските медиуми пишуваат дека братот на ѕвездата нa Денвер нагетс бил пијан, а освен давењето, тој исто така и ѝ се заканувал на жената. Таа некако се јавила кај пријател, кој се јавил во полиција, па Србинот се најде зад решетки.

 

Освен Страхиња, Никола Јокиќ има уште еден постар брат, кој исто така е со нив во САД, тие му се поддршка и ги гледаат речиси сите мечеви, но еве сега едниот се најде во медиумите поради негативна работа.

Во 2017 година кошаркарот изјави дека единствен човек од кој се плаши е неговиот брат. Страхиња и другпат има правено проблеми во САД, и тоа кога вербално му се нафрли на еден судија.

- Оглас -

Најнови вести